Концерт „Балетски бисери“ на Мајските оперски вечери

На Мајските оперски вечери од 20 часот ќе биде изведен балетскиот концерт „Балетски бисери“, кој ќе ги опфати најубавите балетски дела со учество на првенци од Балетот на МОБ, балетскиот ансамбл и со гости од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Концертот е по повод 70-годишнината од основањето на Балетот на МОБ, што ќе биде одбележано во следната сезона 2018/2019. Режисер е Дејан Прошев, диригент Дијан Чобанов од Бугарија.
Ќе бидат изведени делови од балетите „Рајмонда“, „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Корсар“, „Клеопатра“, „Дон Кихот“, „Гајане“, „Кармен“, „Омер и Мерима“, „Дамата со камелии“, „Самсон и Далила“, „Спартак“, „Шехерезада“...
По повод основањето на Балетот на МОБ, вечер ќе биде отворена и изложба „Почетоци 1948-1980“ посветена на првите генерации балетски уметници во Македонија.
Македонскиот балетски ансамбл е формиран на 1 јули 1948 со решение на тогашниот директор на МНТ, Коле Чашуле, со декрет на Советот за просвета на Народна Република Македонија, како сценска активност во Операта.
Со обука на првата генерација балетски уметници се одвива сценската активност која резултирала со прва балетска претстава - балетот во четири чина „Бахчисарајска фонтана“, премиерно изведена на 30 декември 1949 година.
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
