Компанијата Mr.Bricolage донираше производи за погодените подрачја

Францускиот ланец на хипермаркети во Македонија, Mr.Bricolage, следејќи ја својата практика на опшетствено одговорна компанија, а сочуствувајќи со настраданите од катастрофата која зафати делови од Скопје и Македонија изминатите денови го даде својот придонес во расчистување на погодените реони.
-„ Изгубените човечки животи не можеме да ги надополниме, но можеме да помогнеме на оние кои сега се справуваат со оваа непогода и заедно да ги вратиме работите во нормала што поскоро. Нашата компанија за таа цел донираше проиводи кои во моментов од одговрните лица се посочени како најпотребни и испрати екипа од наши вработени во погодените подрачја. На тој начин сакаме да го дадеме својот придонес за санирање на состојбата“ – не информираа од менаџментот на Mr.Bricolage Македонија.

Mr.Bricolage изминативе денови од својата палета на производи донираше 500 парчиња лопати, 500 пара чизми, 500 пара заштитни ракавици и 500 парчиња заштитни маски додека вработените организирано собираат храна, производи за лична хигиена, облека и лекови за семејствата кои се погодени од силното невреме. Екипа на вработени во компанијата следните денови секојдневно ќе му помага на населението до моментот кога ќе се нормализира животот во погодените подрачја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
