Коѕијас: Се уште има работа, но најблиску сме до решение

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за порталот „Документо“ вели дека има уште многу да се направи за решение за спорот со името, но можностите за тоа се многу поголеми од било кога досега.
Коѕијас вели дека Грција никогаш досега не се мешала во внатрешните работи на земјата, дури и во времето на најголемата бегалска криза, туку покажале одговорност и разбирање. Главното раздвижување е направено во 2015 година со стартот на процесот за градење на мерките за доверба. Коѕијас посочува дека нема да се отстапи од барањето решение за севкупна употреба на новото име и промена на уставот во Македонија. Никос Коѕијас вели дека меѓународен договор сепак не може да го замени уставот,а неговата промена би била гаранција за решението во иднина.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
