Клучниот коалициски партнер на Меркел бара Грција да биде отстранета од Еврозоната

Германската Слободна демократска партија (ФДП), која го држи клучот за формирање на четвртата Влада на Ангела Меркел, бара да се смени пристапот кон Грција и другите банкротирани членки на Европската унија, и да се воведе процедура за отстранување на Грција од Еврозоната.
Во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, кој денеска го пренесуваат грчките медиуми, лидерот Кристијан Линднер изјави дека менување на германската политика кон Грција е услов за влез на ФДП во коалиција со Меркел.
ФДП беше четврта на неодамнешните избори, со седум проценти од гласовите и 94 пратеници во Бундестагот, и е клучен дел од планираната коалиција која треба да биде предводена од демо-христијаните на Меркел.
Линднер го обвини досегашниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле, дека бил премногу попустлив во преговорите со Грција, особено откако го одобри третиот пакет на финансиска помош. Шојбле се повлекува од фунцијата за да биде претседавач со Бундестагот, и Линднер инсистира неговата партија да го преземе Министерството за финансии во идната Влада.
Планот на Линднер за Грција, кој ФДП го промовираше и во тект на изборната кампања, предвидува нејзино отстранување од Еврозоната. Надвор од Еврозоната, Грција би можела да прогласи банкрот поради својот неодржлив долг, по што дел од долгот би можел да биде отпишан од страна на европските држави кои сега се главни грчки доверители. Иако надвор од Еврозоната, Грција сепак би можела да остане членка на Европската унија, оценува Линднер.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
-

Трамп: ФИФА ќе направи ужасна грешка ако го замени Инфантино
-

Расчистено разбојништво во обид во Скопје, приведени двајца малолетници
