Кина: Не прифаќаме никакви акции засновани на пресуда

Кина е посветена на одржувањето на мир и стабилност во Јужното Кинеско Море, но не нема да прифати никави ставови ниту акции кои се засновани на пресуда од страна на Постојаниот арбитражен суд (ПЦА) во Хаг во спорот меѓу Филипини и Кина во врска со територијалното право во морето, изјави денеска кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Кина нема правна основа за полагање на „историски права“ на островот во Јужното Кинеско Море, заклучи денеска Постојаниот арбитражен суд во Хаг, во пресудата за спорот меѓу Филипини и Кина во врска со територијалните права во Јужното Кинеско Море.
Меѓународниот суд утврди дека Кина ги прекршила суверените права на Филипини во ексклузивната економска зона на земјата во Јужното Кинеско Море, мешајќи се во филипинските рибарски активности и истражувањето на нафта, градејќи вештачки острови и дозволувајќи им на кинеските рибари да ловат риба во таа зона, јави Танјуг.
- Трибуналот заклучи дека не постои правна основа Кина да ги полага историските права на морската област во рамките на таканаречените „линии на девет црти“, соопшти судот.
Како што објавија кинеските медиуми, по објавувањето на пресудата, Кина не ја прифаќа ниту ја признава одлуката на судот во Хаг.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
