Кина испрати тројца астронаути на новата вселенска станица

Вселенското летало Шенжу-14 денеска со тројца кинески астронаути беше лансирано од центарот за лансирање сателити Џиукван, во северозападната провинција Гансу.
Леталото Шенжу, што на кинески значи „божествен брод” ќе одведе тројца кинески астронаути на недовршената вселенска станица, каде ќе престојуваат шест месеци.
Командантот на мисијата Шенжу-14 Чен Донг (43) и членовите на екипажот Лиу Јанг (43) и Каи Ксуже (46) ќе живеат и работат на вселенската станица околу 180 дена пред да се вратат на Земјата во декември по пристигнувањето на екипажот на Шенжу-15.
Шенжу-14 ќе биде трета од четирите мисии со екипаж и седма од вкупно 11 мисии потребни за да се доврши вселенската станица до крајот на годината.
Кина почна да ја гради својата вселенска станица во април 2021 година со лансирањето на Тианхе – првиот и најголемиот од трите модули на станицата. Во Тианхе, малку поголем од автобусот, ќе има живеалишта за астронаутите по завршувањето на вселенската станица во форма на буквата Т. Преостанатите два модула, лабораториските кабини Вентиан и Менгтиан, ќе бидат лансирани во јули и во октомври.
Екипажот на Шенжу-14 ќе помогне да се постават модулите Вентиан и Менгтиан и да се испита нивната функционалност.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
