КФОР ги повика страните во косовско-српскиот спор да се воздржат од провокации

Мировната мисија предводена од НАТО во Косово (КФОР) денеска порача дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, како единствен пат за постигнување долгорочна стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното соопштение по повод последните инциденти во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население, КФОР ги повика сите страни да се воздржат од „провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово“.
– КФОР продолжува да го поддржува дијалогот со посредство на ЕУ како главен пат за постигнување долгорочна и неповратна стабилност и за намалување на тензиите во северно Косово. Ги повикуваме сите страни да се обединат за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово, порача КФОР.
Синоќа во Северна Митровица, во дворот на општинската зграда беа фрлени две рачни гранати, кои предизвикаа материјална штета, по што косовскиот премиер, Албин Курти го повика официјален Белград „да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“. Косовското МВР исто така ги обвини властите во Србија дека настојуваат со таквите инциденти да предизвикаат ескалација на состојбите.
Денеска официјален Брисел најави дека ќе преземе казнени мерки кон Косово и Србија доколку не деескалира ситуацијата во северно Косово. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека членките на Унијата се „подготвени да преземат мерки“, кои веќе се разгледуваат, доколку Приштина и Белград не постигнат договор за смирување на состојбата, пред сè за одржување нови вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово.
Ново на Сител
-

Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска
-

Пратеникот на ОН за Јемен предупредува на ризик од обновен конфликт од големи размери
-

На Карпалак ќе биде положено цвеќе во спомен на загинатите од воениот конфликт од 2001 година
-

Портокалова фаза, температури до 40 степени
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
