Кешишев прв пат дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Одговарајќи на прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.
Кешишев исто така одговори на прашања за разговорите што се воделе во штабот на партијата пред грабнувањата, изјавувајќи дека знаел првиот пат кога ја ископале дупката, дека ќе биде наменета за киднапирање луѓе.
- После тоа не разговаравме, колку што се сеќавам, сѐ додека не се случи тоа со Панче во Велес, рече Кешишев.
Посочи дека не знаел за која цел се вршело грабнувањето ниту пак од кого требало да се бараат пари. Фотографија од личноста која требало да биде грабната, како што рече, видел откако ја објавиле на Фејсбук.
Во однос на прашањето дали некој во негово присуство пред убиството се јавил на мајката и таткото на детето, одговори дека не видел и не слушнал, а на прашањето дали по убиството некој ги споменал мајката и таткото на детето, одговори дека сите молчеле.
На прашања поврзани со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кои му ги поставуваше бранителот Владимир Туфегџиќ, одговори дека за прв пат слушнал за Ѓорчевски кога го довеле во притвор и во затворот разбрал дека тој е татко на Вања.
Прашан дали лично видел или слушнал дека првообвинетиот Љупчо Палевски телефонски разговарал со таткото на девојчето, Кешишев категорично одговори: „Никогаш, не го пратам со кого разговара“.
Судењето продолжи со испитување на Кешишев од страна на обвинетиот Љупчо Палевски. Тој најави дека има повеќе од 90 прашања.
Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
-

Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
-

Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите
