Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје.
Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за потребите на Зоолошката градина. Децата со љубопитност го следеа часот, учејќи за важноста на грижата кон животните и природата. Но, покрај незаборавното искуство и стекнатите знаења, оваа соработка донесе и конкретна, практична поддршка за секојдневието на децата.
Преку својата CSR платформа „Повеќе од финансии - поддршка за заедницата“, Flex Credit обезбеди дополнителни парични средства наменети за СОС Детско село. Оваа донација е наменета за купување и замена на нова бела техника и мали кујнски апарати за куќите во кои се згрижени децата, со цел да им се обезбедат уште подобри, помодерни и покомфорни услови за живот.
„За нас, грижата за заедницата секогаш има две димензии – емотивна и практична. Преку денешниот едукативен час во Скопје ЗОО сакавме да им подариме на децата убави спомени и знаења со кои ќе го започнат летниот распуст. Но, истовремено, свесни сме дека вистинскиот дом значи сигурност и функционалност. Токму затоа, со обезбедувањето средства за нова бела техника во куќите на СОС Детско село, сакавме директно да го олесниме и разубавиме нивното секојдневие. Секоја инвестиција во овие деца е инвестиција во посреќна иднина,“ изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.
Оваа активност уште еднаш покажа дека партнерството помеѓу Flex Credit и СОС Детско село одамна ги надмина рамките на корпоративна соработка – тоа е жива приказна која континуирано создава реална вредност и придонесува таму каде што е најпотребно.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
-

Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
