-->
-->
Кери: Јас сум граѓанин на Брисел
-->

Американскиот државен секретар Џон Кери го поддржа денеска белгискиот народ со пораката: „Јас сум граѓанин на Брисел“.
Тој потсети дека Белгијците на истиот начин ги поддржаа Американците по терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.
- Тогаш се слушна гласот на обичните луѓе ширум Европа, кои порачуваа: Јас сум Американец. Сега јас изјавувам: Јас сум граѓанин на Брисел, изјави Кери на француски и фламански јазик по средбата со белгискиот премиер Шарл Мишел.
Американскиот државен секретар, кој денеска допатува во Брисел, истакна дека жртвите во нападот не биле борци во некаков судир, тие не претставувале никаква опасност, не сакале никому да наштетат за разлика од терористите чија единствена цел е убивање и заплашување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
