Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми

Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција.
Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор.
-Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.
Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
