Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија

Кошаркарот на Далас Маверикс и олимписки шампион со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Кајри Ирвинг е во процес на промена на националните тимови и настап за Австралија.
Ирвинг е роден во Мелбурн и има двојно државјанство. Досега ја претставуваше репрезентацијата на САД, а освои и златен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Сепак, тој никогаш не криел дека би сакал еден ден да го облече дресот на Австралија. Таа желба сега може да се оствари.
- Во моментов сме во процес. Се обидуваме да видиме што е најдобро за мене. Има многу документи. Се разбира, Америка треба да донесе одлука, но јас барам да го направам она што е најдобро за мене. Искрено, ако во одреден момент од кариерата можам да играм за Австралија, тоа би било одлично, изјави суперѕвездата на НБА.
Искусниот бек сезонава за Маверикс просечно игра 34,4 минути по натпревар. Во моментов има просек од 23,5 поени, четири скока и 5,6 асистенции. Нема сомнеж дека Ирвинг би бил одлично засилување за „кенгурите“ и Светското првенство во Катар 2027 година.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
