Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пакувања со околу 50 грама кокаин. Лицето беше задржано во полициската станица Струмица, а по предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Б.П. е изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
