Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина

Најмалку 300 севернокорејски војници кои се бореле на страната на Русија против Украина се убиени во борбите, а околу 2,700 се ранети, соопшти утрово јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).
Информацијата била соопштена за време на состанокот зад затворени врати на парламентарната комисија за разузнавање, рече пратеникот Ли Сеунг-Квон од владејачката Партија на моќта на народот.
Ли изјави дека НИС исто така информирала дека Северна Кореја им наредила на своите војници да се самоубијат за да не бидат заробени живи од украинската војска.
Пратеникот рече дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени од украинските сили во регионот Курск во Русија, одбил понуда за азил во Јужна Кореја.
Во речиси триминутното видео, кое украинскиот претседател Володимир Зеленски го објави вчера на Х, еден од ранетите севернокорејски војници вели дека сака да остане во Украина на прашањето дали сака да се врати дома.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
