Јувентус ги победи ѕвездите на МЛС во Атланта

Италијанскиот шампион Јувентус го совлада тимот на ѕвездите на американската МЛС лига во пријателски меч, одигран на „Мерцедес Бенз Арена“ во Атланта.
Во регуларното време натпреварот заврши 1:1, а по пенали, тимот на тренерот Масимилиано Алегри победи со 5:3.
Тимот од Торино го отвори резултатот во 21-вата минута со гол на 21-годишниот напаѓач Андреа Фавили, кој искористи пас на Матеус Переира и постигна одблизу со глава.
Само пет минути подоцна, ривалот изедначи со гол на Мартинез по колективната грешка во одбраната на Јувентус.
При пеналите, „бјанконерите“ беа безгрешни, додека за селекцијата на МЛС промаши Бредли Рајт-Филипс.
Јувентус играше со два различни состави во двете полувремиња, а единствениот што остана на 90 минути на теренот беше дефанзивецот Даниеле Ругани.
Натпреварот беше доста изедначен, а ѕвездите на МЛС имаа повисок процент на посед на топката.
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
