Јункер промовира нова европска одбранбена политика

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за изданијата на медиумската група „Функе“ промовира план за нова единствена европска одбранбена политика.
- Има три конкретни проекти кон кои треба да се насочиме во следните месеци: создавање единствен оперативен штаб, учество на силите за брза реакција на ЕУ во операции во кризни жаришта и создавање на европски одбранбен фонд за развој на воената индустрија, нагласи Јункер во интервјуто, чии делови пренесува ДПА.
Според Јунекр, здружувањето на силите на земјите членки на ЕУ во заеднички одбранбен систем има и политичка и економска логика.
- Таа соработка ќе овозможи заштеда од 25 до 100 милијарди евра годишно. Тие средства би можеле да ги искористиме за други цели, смета Јункер.
Тој сепак признава дека идејата за создавање на единствена европска армија е замисла која нема да може да се реализира во блиска иднина.
- Ќе мине уште многу време пред да имаме единици под знамето на ЕУ или војници во европска униформа, додава Јункер во интервјуто.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
