Јункер: Повторно дозволивме конфликт меѓу северните и јужните членки

Поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер укажа на недоволната солидарност меѓу северните и јужните членки на ЕУ во кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
– Сега без никаква потреба дозволивме повторно да избувне конфликт меѓу Северот и Југот. Ништо не научивме, рече Јункер за Политико.
Тој оцени дека начинот на кој холандскиот министер за финансии Вопке Коестра се изрази кон Италија „повторно го разгорува конфликтот меѓу северот и југот“ алудирајќи на неговиот повик ЕУ да провери зошто некои земји немаат финансиски средства подобро да се изборат со економскиот шок.
Јункер не сакаше да шпекулира дали големината на економскиот пакет помош во кризата кој го договорија министрите за финансии на ЕУ е адекватна, велејќи дека сака да почека да „слегне прашината“.
– Но договор за релативно амбициозен пакет после тешки обиди да се постигне договор може само да се поздрави, вели тој и додава дека уште еден неуспех „би бил удар за европската идеја“.
Тој вели и дека очекува многу поголем буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година кој би бил вистински инструмент за економската криза.
Јункер додава и дека не е против идејата за корона-обврзници, заеднички инструмент за задолжување кој би го гарантирале сите членки на ЕУ, но оти не е одговор на актуелната криза затоа што би поминале месеци до нивната употреба.
Во исто време, Јункер ја критикуваше слабата реакција на Брисел на одлуката на парламентот на Унгарија да и дозволи на Владата на премиерот Виктор Орбан да владее со декрет без временско ограничување.
– Не можевме да го решиме судирот меѓу Истокот и Западот затоа што Унгарците дејствуваат вон секоја разумна зона, рече тој и додаде дека ЕУ не и ја пренела експлицитно на Будимпешта загриженоста поради последиците од мерките усвоени за спречување на коронавирусот врз владеењето на правото.
– Кога станува збор за стандардите за владеење на правото, важно е да се обратите со отворен и јасен јазик, заклучи Јункер.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
