Јункер: ЕК ќе ја почитува одлуката за независност на Каталонија

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека Комисијата ќе го „испочитува“ позитивниот исход од референдумот за независност на Каталонија, нагласувајќи дека таа не треба да очекува оти ќе стане членка на ЕУ веднаш по гласањето.
- Комисијата не се вклучува во интерни, домашни дебати, истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка бидејќи Шпанија не го признава гласањето.
Тој објасни дека доколку Каталонија се отцепи од Шпанија ќе мора да почне да ја следи истата процедура за пристапување кон ЕУ, како и членките кои се примени во 2004 година.
Претставници на Каталонија соопштија дека на 1 октомври во автономната област ќе биде одржан референдум за независност, додека шпанскиот премиер Мариано Рахој потенцираше дека „по секоја цена“ ќе го спречи спроведувањето.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
