-->
-->
ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот
-->
Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот, согласно одлуката на Влада на РМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20:00 до 5:00 часот, заклучно до 27 април 2021 година, соопштија од ЈСП.
Возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.
Од ЈСП информираа дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 7:00 до 18:30 часот.
– Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“. И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, се додава во соопштението од ЈСП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
