Јовева: ЕК не е фер - Македонија има напредок

Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева смета дека наративот кој го користи Европската Комисија во последниот извештај за Македонија не е фер и дека земјава солидно напредува на патот кон Европската Унија.
Во изјава за МИА таа објаснува дека е не е коректно Македонија да биде ставена во ист кош со Србија и Босна и Херцеговина бидејќи според неа, земјава има постигнато солиден напредок, иако и самата признава дека тој не е на нивото на Албанија и Црна Гора.
-Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина. Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели европратеничката Јовева за МИА.
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
