Јоко Оно во новиот филм на Вес Андерсон

Осум години по „Фантастичниот господин Фокс", Вес Андерсон се враќа кон животните со неговиот нов анимиран филм, посветен на кучињата, пишува „Гардијан".
Во „Островот на кучињата" гласовите ќе ги позајмат плејада познати глумци - Бил Мареј, Џеф Голдблум, Тилда Свинтон, Едвард Нортон, Френсис Мекдорманд, Скарлет Јохансон, Брајан Кренстон, Харви Кајтел, Грета Герви, но и вдовицата на Џон Ленон, уметницата Јоко Оно.
Уште повеќе, страствените почитувачи на режисерот ќе можат да се приклучат кон снимањето на проектот што ќе се одвива во Велика Британија, но ќе треба да платат за тоа. Тоа задоволство би Ве чинело 50.000 фунти, или пак, може и да учествувате во лотаријата на интернет страницата „CrowdRise“.
Средствата коишто ќе бидат собрани, ќе се донираат во фондацијата на Мартин Скорсезе за реставрација на стари филмови.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
