Јоханис: Романија нема да распоредува војници во Украина
Романија нема да распореди свои војници во Украина, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис.
Тој во разговор со новинарите рече дека смета оти дискусијата за тоа е завршена.
Романскиот претседател одби да ја коментира можноста Романија да испорача на Украина системи за воздушна одбрана Патриот. – Не коментирам за ова прашање и мислам дека не треба јавно да се разговара за тоа, рече тој. – За ова прашање треба да се разговара со воени експерти, потоа да се донесе одлука во Врховниот совет за национална одбрана и потоа резултатот ќе биде објавен. Мислам дека не е препорачливо да се има проширена јавна дискусија за ова многу специфично прашање, објасни Јоханис.
Одговарајќи на прашањето дали постои директна закана за безбедноста на Романија, претседателот рече дека нема, но дека вооружените сили се подготвени за сите можни сценарија.
Новинарските прашања произлегуваат од изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дадена по конференцијата за Украина во Париз на 26 февруари, кој рече дека земјите-членки размислуваат да испратат копнени трупи во Украина. Иако не беше постигнат консензус на оваа тема, тој ја остави отворена можноста за вакво сценарио. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
