ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани

Во периодот од 8 до 10 март 2025 година, водата во селото Булачани добила променета боја и миризба, предизвикувајќи загриженост кај локалното население. Јавното комунално претпријатие Гази Баба веднаш реагирало и го пријавило случајот во СВР Скопје, каде што преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, на 12.03.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22 часот на 08.03.2025 до 7 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.
- По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
