Јелена носена во тепих - Траги од крв?

Експертите се сомневаат дека на тепихот може да има траги на крв, кој не можеле да се изгубат, иако е исперен. Во моментот на истрагата никој не би го изнесувал тепихот без причина.
Инспекторите дури ја пребарувале шупата на семесјтвото Маријановиќ со намера да пронајдат дрвен предмет со кој жената е убиена, објаснува соговорник.
Претресот на семејната куќа маријановиќ вчера за прв пат е направен во присуство на два сведоци, детално од подот до кровот. Пред куќата најизменично се менувале екипите не форезничарите и инспекторите, кои влегувале и излегувале изнесувајќи ќеси со предмети, за кое се под сомнеж дека на било каков начин се употребени во убиството на Јелена.
Мајката на Јелена Зорица Крсмановиќ пристигнала во куќата кога започнал претресот, и била во нивно присуство се додека не завршат со претресот.
Соседката која присуствувала во претсерот на куќата, потврдила дека е повикана на барање на полицијата.
- Кумата ми кажа дека им треба уште еден сведок и јас прифатив да бидам таму. Живееме во Борица веќе 20 години и од никого не се плашиме. Јелена ја сакав повеќе од се, а Зоран го има моето целосно пошување, изјавила нивната соседка.
Полицијата секојдневно од кога е пронајдено телото на убиената пребарува на терен за нови докази. Вчера бил испразнет дел од каналот во кој е пронајдено безживотното тело. Според првичните информации досега не е пронајдено ништо со што би можело да биде убиена Јелена.
Но на жалост убиецот сеуште не е пронајден...
Ново на Сител
-

Епидемиолошката состојба со западнонилска треска – 35 потврдени случаи, 3 смртни случаи
-

Овчарите бараат итна вакцинација: Над 50 жаришта, уништени до 10.000 овци
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
