Јавното обвинителство на ЕУ ќе ги испитува буџетските криминали од следната недела
Првото јавно обвинителство на Европската унија ќе ја започне својата работа на 1 јуни и ќе почне истрага за криминали поврзани со буџетот на ЕУ, соопшти Европската комисија.
Канцеларијата може да гони неколку кривични дела, вклучително и измами поврзани со буџетот на Унијата. Може да гони и криминалци кои перат пари што ги добиле со измама на буџетот на ЕУ.
Начинот на кој ЕУ ги троши своите пари се најде под зголемен надзор во текот на изминатите години. Во 2019 година, на пример, истрагата на Њујорк Тајмс покажа како се користи буџетот на ЕУ во Централна и Источна Европа за финансирање на коруптивни зделки.
– Европските обвинители, под силно раководство на Лаура Ковеси, ќе ги спречат криминалците и ќе се погрижат ниту едно евро да не се потроши за корупција или измама, рече заменик-претседателката на Европската комисија Вера Јорова на прес-конференција.
Седиштето ќе биде во Луксембург, а земјите-членки ќе испраќаат по еден европски обвинител.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
