Јанушев: Со зголемување на акцизата владата на Заев удира врз народот
![]()
Владата на Заев во услови на пандемија спроведува, она што западниот свет го нарекува кронизам, токсично пријателство помеѓу бизнисот и владата поради профитирање на сметка на пандемијата со корона.
Тоа што во време на војна се нарекува воено профитерство, сега во услови на пандемија со корона се нарекува кронизам.
Кронизам е кога владата ќе удри по грбот на граѓаните и ќе најави одлука за зголемување на акцизата на нафтата. Тоа значи дека Зоран Заев и Владата директно ќе земат пари од џебот на граѓаните за да се пополни буџетската дупка, потег од кој ќе се обогатат мал број на тајкуни.
Впрочем со оваа мерка имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ.
Тогаш се богатеа малкумина на грбот на граѓаните, додека мнозинството осиромашуваше, денес повторно Заев и СДСМ е собираат преку зголемена акциза собираат пари од граѓаните за да се обогатат малкумина. Во транзицијата се затвораа фабрики и луѓето остануваа без работа. И денес се прави истото.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува воено профитерство, односно кронизам што ќе донесе зголемување на акцизата на нафта а со тоа и директно зголемување на цената на многу продукти и поскап живот.
Владата ризикува инфлација и поскап живот на граѓаните. Цената на нафта допрва ќе расте на светската берза и ако на ова се придодаде и зголемување на акцизата која ќе ја направи владата на Заев тогаш ќе имаме европски цени на нафта во услови на неевропски стандард.
Затоа бараме веднаш да се повлече од намерата за покачување на акцизата која ќе донесе поскап живот и сиромаштија на граѓаните. Не смееме да дозволиме враќање на транзицијата каде едни ќе се богатат, а други уште повеќе ќе осиромашуваат.
Ново на Сител
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
