Јаневска: Пропаднатата концепција за основно мора да се менува
За добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително вели Јаневска, ова не е реформа, ова е пропадната реформа како што вели и еден од креаторите на истата, Кирил Барбареев.
„Не е реформа во број и распород на часови реформата е во тоа што ќе улат децата, како ќе учат каков ќе биде резултатот на крај од тоа што наставниците вложиле. Ние сите знаеме дека треба реформа, дека треба да се менуваат податоците кои се застарени, да се учат децата да анализираат и слично. Но, за образованието треба консензус. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде позиција која не ја слуша опозицијата. Ние ќе ги слушаме нивните критики ако се издржани. Оваа концепција ќе мора да претрпи длабоки реформи, она што е добро ќе се задржи вече насртавниците имаат искуство, но она за уште сека кажуваат дека не е во ред е запишано и ќе се најде начин да се среди тоа“, кажа Јаневска.
Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење.
Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.
„Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари“, вели Јаневска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
