Извршен ремонт и чистење на филтер станицата за вода кај Василево

Од денеска жителите на селата Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково и објектите во Индустриската зона ќе користат чиста, здрава и филтрирана вода за пиење, рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев по извршениот ремонт и чистење на Филтер станицата за вода на Ташли Баир, кај Василево.
Според него, претходната општинска власт во 2010 година требало да ја заврши ова активност, односно до периодот до кога филтрите имале капацитет да ја прочистуваат водата.
- Но и покрај сите контроли и незадоволителни резултати од испитувањето на водата што ги прави Центарот за јавно здравје, нашите претходници не презеле ништо и дозволија граѓаните да користат неисправна вода за пиење, рече градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.
Според информациите од в.д. директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓеоргиев на филтер станицата извршен е ремонт и чистење на филтрите од остатоците на песок, нивно полнење со активен јаглен со кој водата се филтрира, целосно чистење на резервоарите од сите наталожени елементи и комплетно перење на водоводната мрежа.
Јавното комунално претпријатие во наредните денови ќе ја чисти и филтер станицата во село Доброшинци и со тоа граѓаните на Нова Маала, Доброшинци и Чанаклија ќе имаат здрава и чиста вода за пиење.
Инвестицијата за чистење и ремонт на двете филтер станици изнесува околу 700 илјади денари.
Ново на Сител
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
