Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк пред матичната собраниска комисија
Измените и дополнувањата на Законот за субвенциран студентски оброк, по скратена постапка, со којшто се предвидува зголемување на дневниот износ на субвенцијата од 120 на 140 денари денеска ќе бидат разгледани на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Предлогот е поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство Моника Зајкова, Боби Мојсоски, Даниела Николова, Санела Шкриељ, Марија Кочовска и Жаклина Лазаревска.
Пратеничката Зајкова на седницата минатата недела образложувајќи го предлогот рече дека со него се предвидува да се зголеми дневниот износ на оваа субвенција од 120 на 140 денари и можност освен од понеделник до сабота, таа да важи и на верски празници. Посочи исто така дека се предвидува износот на субвенцијата да се усогласува со инфлациската стапка по секоја фискална година.
-Законот предвидува системско решение и конечно ќе добиеме систем за да не се соочуваме секоја година да имаме по два предлога и да собираме политички поени за оваа мерка, рече Зајкова.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
