-->
-->
Изложба на Маја Јаќимовска во Крива Паланка
-->

Во изложбениот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата на слики од младата кривопаланчанка Маја Јаќимовска.
Изложени се 20-тина слики од „Минливи секвенци“, прва индивидуална изложба на Јаќимовска поддржана од Министерство за култура на Република Македонија.
- Ова е моја прва самостојна изложба во која делата ја имаат за почетна точка реалноста од која тргнувајќи создавам свој апстрактен, магичен и мистичен свет во кој ја воспевам светлината во текот на ноќта. Ова се секвенци од урбаниот простор на времето во кое живееме, рече Јаќимовска.
Директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, Александар Рангелов рече дека авторката е млад уметник кој ветува со квалитетот на дела за кои има интерес да бидат дел од приватни колекции.
- Јаќимовска е дел од новата, млада генерација сликари, моја колешка, кои со својот талент, сензибилитет и препознатливост на сликарскиот ракопис ќе ги испишуваат новите страници на уметноста во нашиот град и држава и ќе бидат репрезенти на модерното време во кое создаваат, истакна Роберт Цвековски, академски сликар од Крива Паланка.
Маја Јаимовска е родена 1991 година во Крива Паланка. Дипломира на отсек сликарство со модул графики дизајн на Факултет за ликовни уметности, Скопје во 2014. Добитник е на втора награда на седмо студентско интернационално биенале. Учествувала на Меѓународни ликовни колонии, бројни групни изложби во земјава и странство.
„Минливи секвенци“ беше отворена во Куманово со поддршка од Центар за култура „Трајко Прокопиев“, а делата беа претставени и во Прилеп. Во Крива Паланка ќе бидат изложени следните две недели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
