-->
-->
Изложба „Будење“ на децата со аутизам
-->

Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Будење“ преку која Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам.
По изложбите „Сите бои на љубовта“ и „Наречи ме љубов“, ова е трета изложба посветена на децата со аутизам.
- На ликовните работилници организирани во соработка со здружението „Во мојот свет“, ПОУ ,„Иднина“, Македонското научно здружение за аутизам и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби дечињата изработија уникатни ликовни творби и го покажаа нивниот огромен творечки талент. Овие творби се одраз на нивната душа, тие не учат за љубовта. Различни, а сепак толку исти, во несовршеноста е убавината, велат од Националната галерија.
Изложбата ќе биде отворена до 20 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
