Изјава на претседателот Ѓорге Иванов по гласањето на изборите

Очекувам, исто како и граѓаните на Република Македонија, овој ден да помине во мирна, демократска и фер атмосфера. Вечер да им честитаме на победниците, а поразените да го признаат легитимитетот на избраните, изјави денеска претседателот на државата Ѓорге Иванов откако гласаше на избирачкото место во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
- Очекуваме во најскоро време да се конституира новиот состав на Собранието, да се избере влада и владата да ги исполни сите ветувања што ги даде во предизборниот период. Очекуваме конечно да излеземе од политичката криза и да се посветиме на нашите стратегиски цели, да ја вратиме евроатлантската агенда на највисокото место, да биде приоритет на државата, потенцира Иванов.
Како што рече, свесни сме за настаните што ни се случија во изминатите години. Тоа треба да биде поука за сите во политиката.
- Свесни сме и за сите предизвици во регионот и пошироко. Затоа ни се неопходни институции со полно капацитет кои ќе се справуваат со сите предизвици, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по гласањето.
Ново на Сител
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
