-->
-->
Изгоре штала со добиток - пожар во струмичко
-->
Во пожар во селото Дабиле, што избувна синоќа околу 20:30 часот, изгореа штала со добиток и машини, покрив од куќа и помошна просторија.
Според командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила со 12 пожарникари.
-Пожарот е изгаснат околу 22:30 часот и не е дозволено да се прошири на други објекти во соседството. Дел од опожарениот покрив паднал во спалната и детската соба, но жртви и повредени нема, изјави Гудев.
Заради безбедност било исклучено напојувањето со струја во делот на селото каде горело, а причините за пожарот ќе се утврдуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
-

Случајот „Мазут“ на повторно разгледување по жалбата на ЕСМ
-

Власта го помина новиот заем во Комисијата за финасирање и буџет - СДСМ се повлече од работата, најави интерпелација за Гаши
