Изгаснат пожарот кај Церово, активни четири

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово и во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје - Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Од ДЗС упатуваат благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои, како што посочуваат, во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.
Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
