Избран нов Управен одбор во М-НАВ

Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.
На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор на М-НАВ АД Скопје и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.
На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.
Владимир Ристески дипломирал на Природно Математички Факултет отсек информатика и се стекнал со титула, дипломиран инженер по информатика во 2004 година, а со звање за контролор на летање се стекнал за време на 2 годишна обука во Белград при Сојузната Управа за Контрола на Летање на Сојузна Република Југославија во 2001 година.
Оттогаш работи во М-НАВ АД Скопје и се стекнува најпрво со лиценца за контролор на кула-Скопје, а потоа со лиценца за планерски контролор во Обласна Контрола на Летање Скопје, а поседува и лиценци за радарски контролор и за Инструктор за обучување на контролори на летање од 2009 година.
Владимир Ристески во текот на својата долга кариера во М-НАВ АД Скопје посетувал и бројни обуки во центарот за обука на ЕУРОКОНТРОЛ во Луксембург како и во специјализирани центри за школување во Прага, Софија, Рим и Мадрид.
Климент Чепуњоски е Извршен директор на Секторот за воздухопловна техника и член на УО. Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ, во Скопје и Охрид.
Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО. Тој е дипломиран правник, со работно искуство во Министерство за правда и Државна изборна комисија.
Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни.
Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај , согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги.
Ново на Сител
-

Реакција на Филозофскиот факултет и деканот Бакрески на изјавите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски
-

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат
-

Лапароскопски гинеколошки операции за прв пат во болницата во Кавадарци
-

Премиерот Мицкоски денеска бил меѓу Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа
-

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
