Избори во Каталонија: Победија унионистите, зајакнуваат сепаратистите
Според прелиминарните резултати, Социјалистичката партија, која се залага за останување во унија со Шпанија, извојува тесна победа на вчерашните избори во Каталонија, но група партии кои се за отцепување ја зголемија контролата во регионалниот парламент.
Врз основа на примерок од 95 проценти од пребројаните гласови, трите главни партии кои се залагаат за независност на Каталонија ќе го зголемат бројот на места во регионалниот парламент на 74, а за споредба, истите партии во 2017 година имаа 70 пратеници во собранието со 135 места.
Врз основа на досегашните резултати, Социјалистичката партија предводена од поранешниот министер за здравство, Салвадор Иља, најверојатно ќе освои 33 места, а про-сецесионистичката партија, Републиканска левица на Каталонија, исто така, ќе освои 33 места.
И покрај зголемената поддршка за социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој разговараше со сепаратистите во обид да ги смири тензиите во регионот, Иља би можел да има проблем да најде мнозинство за да формира влада.
Ново на Сител
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
