Преглед на вестите од светот
Руското Министерство за одбрана во понеделник прогласи прекин на огнот на 8 и 9 мај во чест на прославата на Денот на победата. Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја отфрли идејата за прекин на огнот за еден ден во руско-украинската војна како „несериозна“, нагласувајќи дека Киев сè уште не добил никаков официјален предлог.
Мртви, ранети, возрасни, деца. Жал ми е, но по сето ова, да се каже, на пример, да се запрат ракетните и беспилотните летала напади врз украинските градови и заедници еден ден пред парадата и да се каже: ајде да имаме 24-часовно примирје. Тоа не е сериозно.“
Примирјето е во согласност со одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, изразувајќи надеж дека украинската страна ќе го стори истото. Додаде дека руските сили ќе преземат сите потребни мерки за да обезбедат безбедност за време на комеморативните настани.
Русија ќе ја одржи својата годишна парада за Денот на победата во сабота за да ја одбележи 81-годишнината од победата.
САД и Иран започнаа нови напади во Заливот во понеделник, за контрола врз Ормутскиот теснец со спротивставени поморски блокади, нарушувајќи го кревкото примирје. Новите налети на ракети и беспилотни летала дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп започна нов обид да ги протне заглавените танкери и други бродови низ теснецот, виталната пречка за трговија со енергија, која е практично затворена откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари, војна во која загинаа илјадници луѓе низ регионот.
Иранската морнарица во понеделник соопшти дека ниту еден комерцијален брод или танкер за нафта не поминал низ Ормускиот теснец во последните часови, отфрлајќи ги тврдењата на американската војска дека американските сили ги придружувале бродовите низ стратешкиот воден пат во услови на зголемени тензии.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека верува оти високите цени на бензинот брзо ќе паднат откако ќе се реши конфликтот во Иран.
И мислам дека ќе се намали, и гледам дека ќе се намали многу значително кога ова ќе заврши, мислам дека е многу брзо, на нивоа што никогаш не сте ги виделе затоа што има многу енергија таму, бродови низ целиот свет полни со неа. Тие не можат да направат многу со неа затоа што беа киднапирани од прилично злобно место. Но, ние се грижиме за тоа.
Воедно Трамп изјави дека со нетрпение очекува да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на нивниот самит на 14 и 15 мај во Пекинг, велејќи дека ќе го потсети својот ривал дека САД се водечки во вештачката интелигенција, додека двете страни се справуваат со тензиите околу трговијата и технологијата.
Трамп и кинескиот претседател Си ќе разговараат за состојбата во Ормутскиот тесенец за време на Самитот.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
