Иванов: Празниците да ни донесат семејна радост, љубов и среќа

Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас. Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да пројде, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж.
Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни, истакнува во своето новогодишно обраќање претседателот Ѓорге Иванов.
Затоа, нагласува Иванов, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели.
- Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош. Да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува, додава Иванов.
Имаме историска одговорност, како што нагласува македонскиот претседател, пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци.
- Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина, вели Иванов во честитката.
Посакувајќи среќна и бериќетна Нова 2016-та година, претседателот Иванов вели дека празниците што ни доаѓаат во секој наш дом да ни донесат семејна радост, љубов и среќа.
.be
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
