Иванов на средби со македонската дијаспора во Австралија

На покана на македонската добротворна организација од Австралија (MCWA), поранешниот претседател Ѓорге Иванов ќе биде покровител на неколку настани од добротворен и хуманитарнен карактер кои ќе се одржат овој и следниот викенд во Мелбурн и во Сиднеј.
Настаните, како што соопштија од Кабинетот на Иванов, се организирани од неколку организации на македонската дијаспора од Мелбурн и Сиднеј и се за поддршка на повозрасните лица од македонската заедница во Австралија. Иванов, се вели во соопштението, со подршка на овие хуманитарни активности се очекува да ја подигне свеста за можноста да се помогне и придонесе за подобар третман на повозрасните лица од македонската заедница.
– Сите овие настани се поттикнати од фактот што австралиската Влада веќе има започнато промени и воведено реформи за поддршка и нега на возрасни лица од сите заедници кои живеат во државата, додаваат од Кабинетот.
Оттаму информираат дека покрај традиционалните вечери кои е планирано да се одржат на 22 февруари во Мелбурн и на 28 и 29 февруари во Сиднеј и Волонгог на кои Иванов ќе се сретне со македонската дијаспора, планирани се и повеќе активности како посета на училиште финансирано од австралиската Влада, а во кое наставата се одвива на македонски и англиски јазик, посета на детска болница, посета на општината Витлеси и средба со градоначалничката од македонско потекло Емилија Лиза Стериовска, посета на седиштето на MCWA и средби со социјални групи, средби со преставници на македонската бизнис и академска заедница и уште неколку активности од хуманитарен карактер.
– Посетата на Иванов на Австралија ќе заврши на 1 март, со средба со Македонците во Сиднеј на настан организиран од страна на фудбалскиот клуб Сиднеј Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
