Италија преку Австрија до четвртфиналето на ЕУРО 2020
Италија ја совлада вечерва Австрија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, и за противник во четвртфиналето на Европското првенство го чека победникот од утрешниот дуел меѓу Белгија и Португалија.
Со триумфот над Австријците на стадионот „Вембли“ во Лондон составот на Роберто Манчини постави нов италијанскиот рекорд од 31 натпревари во серија без пораз, забележувајќи ја, притоа, 12. победа во низа.
Италија беше поконкретна во првото полувреме, но Никола Барела пропушти идеална шанса да ги доведе Азурите во водство, а обидот на Чиро Имобиле заврши во стативата.
Второто полувреме донесе поинаква слика на теренот и неколку неискористени шанси за гол на австриската репрезентација. Најпрво капитенот Давид Алаба за неколку сантиметри биеше непрецизно од слободен удар во 52 минута, а голот на Марко Арнаутовиќ во 66 минута беше поништен поради офсајд.
Италијанците дојдоа во водство во 95 минута преку Федерико Киеза, а на истекот на првото продолжение Матео Песина зголеми на 2:0. До крајот на натпреварот Австрија успеа само да ја намали негативата преку Саша Калајџиќ во 114 минута.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
