Ирците гласаат на референдум за промени на одредбите за абортус

Околу 3,2 милиони граѓани на Ирска со право на глас денеска се изјаснуваат на референдум за промени на ригорозните одредби за абортусот.
Како што јави Би-Би-Си, според сегашните законски решенија прекин на бременоста е дозволен само доколу таа го загрозува животот на мајката, а за илегален абортус се предвидува затворска казна од 14 години.
Целосната забрана на аборусот е воведена со Осмиот амандман на Уставот на Ирска, усвоен во 1983 година, а прекин на бременоста кога е загрозен животот на трудницата е дозволен со измени донесени во 2013 година.
На денешниот рефередум Ирците треба да се изјаснат дали се согласуваат на укинување на Осмиот амандман на Уставот.
Доколку укинувањето на Амандманот биде одобрено, ирската Влада најави дека ќе предложи закон со кој ќе се овозможува абортус до 12-та недела од бременоста.
Поради забраната за абортус, илјадници Ирки секоја година вршат прекин на несаканата бременост во Велика Британија.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
