Иран го обвини Бахреин дека стана партнер на израелските злосторства

По вчерашното објавување на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Бахреин, Иран го обвини Бахреин дека е партнер во израелските злосторства.
„Отсега владетелите на Бахреин ќе бидат партнери во злосторствата на ционистичкиот режим како постојана закана за безбедноста во регионот и светот на исламот“, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи во Техеран.
Иран го обвини својот главен непријател Израел за „децениското насилство, масакри, војни, терор и крвопролевање во угнетената Палестина и регионот“, пренесоа агенциите.
Преку „срамниот договор Бахреин ја жртвуваше палестинската кауза на олтарот на американските избори“, додаде иранското министерство во соопштението, предупредувајќи дека „резултатот несомнено ќе биде растечката омраза кон угнетениот палестински народ, муслиманите и слободните земји“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека Бахреин стана втората арапска земја што одлучи да ги нормализира односите со Израел, под спонзорство на Вашингтон, откако тоа изминатиот месец го сторија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, на почетокот на овој месец рече дека Емиратите го „предале“ муслиманскиот свет и дека се надева дека тие „наскоро ќе се разбудат и ќе го сменат тоа што го сторија“, потсетуваат израелските медиуми.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
