Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци

Наставниците од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ ја поздравуваат предложената концепција за гимназиско образование, но сметаат дека класичните јазици (латинскиот и старогрчкиот) се недоволно застапени и дека се деградираат.
Во допис до медиумите соопштија дека за нив е збунувачки и несоодветно што класичните јазици се сведени само на латинскиот (бидејќи старогрчкиот е сосема изоставен), кој се предлага како изборен предмет само во трета година средно образование.
-За жал, застапеноста и статусот на предметот Латински јазик и класична култура во предлог-концепцијата – изборен во трета година со една година изучување е несоодветен на потенцијалот што тој го има позитивно да учествува во постигнување на целите, начелата и задачите на гимназиското образование. Сметаме дека е неопходно овој предмет да биде задолжителен во една година за сите ученици. Со тоа учениците и матурантите од нашите гимназии ќе бидат поблиску до своите врсници од европските земји и ќе им се овозможи посоодветна подготвеност за успешни студии на повеќе студиски програми, се наведува во реакцијата.
Го нагласуваат значењето на класичните јазици во составувањето научни термини во сите научни дисциплини и поради тоа, велат, е особено полезно и неопходно за учениците што ќе го продолжат своето образование на разни студиски програми.
-Спознавањето на значењето на латинизмите ја подобрува писменоста на учениците и го подобрува нивниот капацитет да се изразуваат и да читаат стручна литература. Истражувањата покажуваат дека учениците што учат латински јазик полесно ги совладуваат другите наставни предмети и постигнуваат подобри севкупни резултати во учењето. Покрај тоа, изучувањето на класичните јазици докажано води кон развој на критичкото мислење и аналитички пристап во решавање на проблемите, сметаат професорите од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет на УКИМ.
Укажуваат и дека латинскиот јазик, во комбинација со класичната култура, е особено важен за проучување и разбирање на културното наследство од хеленистичкиот период што го има државата во кое има голем број споменици со епиграфи на латински јазик.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
