Инфраструктурни проекти и подобри услови за живот побараа кичевчани од Груевски

Реализација на инфраструктурни проекти, како и индивидуални барања за подобрување на условите за живот и за економски развој беа тема на денешната средба на делегацијата од Владата и повеќе институции придружувани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со жителите на кичевските села Вранештица, Другово и во Кичево.
Во Вранештица каде живеат околу 400 жители чија главна дејност е грнчарството ќе се разгледа можност за поддршка од државата на овој занает во изумирање. Во селската работилница за грнчарски производи жителите кажаа дека изработката ја вршат рачно и посочија оти набавката на соодветни машини ќе го забрза производството.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Груевски и претставници на локалното водостопанско претпријатие најавија дека ќе се направат напори за надминување на проблемот што преку лето го имаат жителите со водоводната мрежа. За повозрасното население беше укажано дека е потребно во селото да почне со работа лекар, за што ќе се направат обиди преку проектот „Рурален лекар“.
Преку тој проект ќе се направат напори за лекарска грижа и за жителите во село Другово. Во тоа село од надлежните институции најавија решавање на проблемот со фекалната канализација.
Министерството за транспорт и врски, како што најави Мисајловски, ќе помогне во изработка на проектот. На располагање се 740 илјади евра за Другово и потребно е само да се аплицира. Ќе се разгледа и можноста за реконструкција на спортската сала во Основното училиште во Другово.
Груевски на жителите им укажа на важноста од денеска отворената фабрика на американската компанија КСС во зоната во Кичево каде се најавени илјада вработувања до крајот на следната година.
По досега ангажираните 230 лица, како што рече Груевски, секоја наредна недела му било најавено дека ќе има дополнителни вработувања.
За повеќе прашања од различни области Груевски разговараше и со жителите на Кичево, кои меѓудругото побараа вработување дефектолози во училиштата. Дел од жителите изнесоа индивидуални проблеми, како и барање за вработување. Средбите со жителите односно директната комуникација со нив, како што рече Груевски, е особено важно за реално согледување на состојбите на терен и подготовка на програмата за претстојните парламентарни избори.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
