Инфо ден за ИПАРД програмата за рурален развој 2014-2020 во Кичево
![]()
Во Кичево денеска се одржа инфо ден за ИПАРД програмата „Европски можности за македонското земјоделство и руралниот развој”.
Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој ја организира Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел заинтересираните граѓани и правни субјекти да можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање за добивање средства од оваа програма.
На инфо денот во Кичево бише претставена Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.
Корисници на мерката можат да бидат правни лица трговски друштва во рангот на микро, мали и средни претпријатија со до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра, како и задруги што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи, вклучувајќи јајца и живина, преработка на овошје и зеленчук, вклучително и компир, печурки и легуминозни култури, преработка на житарки, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, како и оние правни лица што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
– Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страните на Телото за управување со ИПАРД фондовите, на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, соопшти презентерот Душко Јакимовски од Телото за управување со ИПРД.
Повикот за Меркате 3 е објавен на 28 декември 2019 и трае 45 дена од денот на објавувањето, со краен рок 11 февруари 2020.
Ново на Сител
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
