„Индепендент“: Обама сериозно ги сфати заканите на Ердоган

Американскиот претседател Барак Обама сериозно ги сфати заканите на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за инвазија врз Сирија, по бомбашките напади на сириските Курди во Анкара, пишува лондонскиот весник „Индепендент“.
Според весникот, сириската војна го достигнал врвот, а по бомбашкиот напад во Анкара на 17 февруари во кој загинаа 28 луѓе, Турција се закани со воена операција во Сирија како одмазда.
Обама во петокот во телефонски разговор со Ердоган повикал на воздржаност.
- Турците и Саудијците секогаш се обидуваат да ги поттикнат САД на копнена операција во Сирија, но сами немаат намера да започнат воена интервенција од големи размери, изјавил за весникот поранешен висок дипломат на Блискиот Исток.
Вашингтон знае дека евентуална турска воена акција во Сирија ќе биде насочена кон сириските Курди и борците од Силите за заштита на народот, кои се најдоверливиот сојузник на САД во борба против ИД, наведува „Индепендент“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
