-->
-->
Инцидент на естрадата: Ера го претепал Шабан!
-->

Ера Ојданиќ го претепал Шабан Шаулиќ „како вол“! Како што Ера изјавил за српски Курир, со својот колега се степал во 1984 година, а после тое долго не разговарале. Немилиот настан се случил во хотелот „Сонце“ во Соко Бања.
- Си го доби заслуженото. Го претепав Шабан „како вол“, но и тој мене ме удираше и тоа со тупаници во глава. Јас него го мавав со стол, - изјавил Ера.
Пејачите тогаш биле на турнеја, а таа вечер роденден славела Зорица Брунцлик. На прославата била скоро цела естрада, а Шабан и Ера испиле многу алкохол.
- Зорица сакаше да ни испее по една песна на сите, а кога дојде мојот ред Шабан почна да ме провоцира. Му одговорив: Замолчи ти дечко со раткапната на глава, да не ти ја бутнам сите ќе ти се смеат. Тој беше ќелав и имаше комплекси па затоа носеше перика, - изјавил Ера.
После тоа пејачот заминал до тоалет, а Шабан тргнал по него.
- Во еден момент Шабан ми удри тупаница во лицето, а бидејќи до мене имаше стол, почнав да го мавам со него. Леташе он, летна и неговата перика, - вели Ера.
После овој инцидент, тие со години не зборувале додека не се сретнале на концерт и ги смириле односите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
