Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците

Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците.
-Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе постапиме, рече денеска на новинарско прашање министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
На прес-конференција по повод стартот на примената на Законот за работно ангажирање на лица министерот посочи дека со овој закон ќе се намали невработеноста и оти пензионерите, студентите, корисниците на социјална помош, ќе можат да бидат вработени во текот на годината не повеќе од шест месеци.
Прашан дали ќе има прочистување на списокот во Агенцијата за вработување каде има невработени кои земаат социјална помош а неприфаќаат вработување, наведе дека со новиот закон што е во сила тие нема да ги губат правата како невработени, но ќе имаат можност да бидат вработени во дејностите земјоделство, рибарство, шумарство, угостителство.
Според направените анализи на Министерството за економија, со примената на законот се очекува формализација на 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
