И Пипа Мидлтон чека бебе

Во пресрет на породувањето на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и нејзината сестра Пипа и соопшти на јавноста дека е бремена. Се би било како во кралска бајка, да не беа обвинувањата за силување кон свекорот на Пипа, мултимилионерот Дејвид Метјуз (74), дека извршил две силувања во 1980-ите години.
Пипа, која стана позната во јавноста кога практично ја засени својата сестра Кејт Мидлтон за време на нејзината венчавка со британскиот војвода Вилијам, од лани е во брак со Формула 3 тркачот и бизнисмен Џејмс Метјуз. Неговиот татко, Дејвид, пред три недели беше уапсен на парискиот аеродром, поради обвиненија за сексуални напади. Една од жените кои го обвинуваат Дејвид Метјуз била на 15-годишна возраст, кога била нападната. Метјуз ги отфрла обвинувањата како невистинити.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
