И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството.
Дека од СДС додека беа на власт не работеа ништо за граѓаните и државата покажуваат и последните информации за случувања во безбедносните служби додека владата беше под водство на СДС.
Постои основано сомневање дека двете институции како Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност наместо да се грижат за безбедноста на државата тие се занимавале со следење на тогаш опозицискиот лидер, сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и со други функционери на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари, бизнисмени и слично.
За ВМРО-ДПМНЕ тоа не е ништо ново, бидејќи уште кога беше во опозиција имаше информации дека се следат лица од партијата, пред се од раководството.
Очигледно во тој период имало обид за политичка дискредититација која времето покажа дека не им успеа на СДС.
Сега на потег се надлежните од правосудството, или да постапуваат обвинителството и судот по овој случај.
Како партија која силно стои на ставот владеење на правото, заштита на човекови права и сите демократски вредности, ВМРО-ДПМНЕ очекува дека по овој случај и по постапување на правосудниот систем конечно ќе се стави крај на ваква незаконска пракса и на ова кршење на основните демократски вредности.
Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и тие да ја вршат основната функција, заштита на државните интереси.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
